Доминираат екс претставници на НВО кај нововработените во владиниот пиар

0
640

Откако Макфакс објави дека во службите за односи со јавност на министерствата и Владата се вработени најмалку 120 лица, а истовремено стигнаа и критики од Брисел премиерот Зоран Заев викендов најави намалување на бројот на вработени во владиниот пиар, пишува агенцијата.

Тие деновиве ги објавија и биографиите на нововработените во пиар службата на Владата и имињата на дел од ангажираните во овој сектор. Според биографиите, кај оние кои работат во овој сектор доминираат искуствата и праксата во невладиниот/граѓански сектор, но има и поранешни новинари, познати фејсбукџии и твитерџии.

Во Секторот за информирање на Владата работат Миле Бошњаковски, Марјан Забрчанец, Мила Стаменова, Илија Жупаноски, Зоран Бојаровски, Демијан Хаџи Ангелковски, Андријана Селмани, Влатко Васиљ, Дарко Лешоски, Викторија Николовска, Светлана Сиљјаноска, Весна Коваческа Трпчевска, Елена Ласло, Божидар Барлакоски, Луљета Клица, Ангела Велинова, Ѓорѓи Тасев, Христина Панева, Ангел Ангеловски, Мартин Маневски, Сашко Алексовски, Дамјан Чунихин, Нита Хаџихамза Гаши, Јане Качански, Братољуб Шурлановиќ и Елена Ѓорѓиевска.

„Пораките од Брисел дека владата повеќе посветува внимание на односите со јавност отколку на реформите стигнаа во ист ден кога Макфакс објави дека во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации. Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата ги чинат граѓаните најмалку 690 илјади евра годишно, покажуваат податоците за 2016.

Заев рече дека ги отфрла се почестите тврдења и информации дека во Владата имало 120 вработени во пиар службите, туку 39 а тоа го пренесоа и бројни медиуми. Она што заборави да го спомене тој како и многу од медиумите е дека бројката од 120 лица не претставува тврдење, туку факт и бројка на лица кои работат на пиар во сите министерства и во Владата поткрепен со документи до кои дојдовме во нашето истражување со Барања за слободен пристап до информации од самите институции и Владата. Макфакс уште на самиот старт кога го објави истражувањето, објави дека во Владата биле ангажирани најмалку 40 лица на односи со јавност, кои се дел од овие 120 лица.

Во вториот дел од истражувањето повторно објавивме дека најмалку 40 лица биле ангажирани да работат на односи со јавност и комуникации во Владата. 13 лица се таму од претходната гарнитура, додека годинава во Владата во Секторот за односи со јавност дополнително биле ангажирани 25 лица, како и 1 портпарол, и 1 посебен советник за односи со јавност во кабинетот на Претседателот на Влада“, пишува агенцијата.

Во продолжение прочитајте ги првиот, вториот и третиот дел од истражувањето на Макфакс за владините пиар служби.