Повик за волонтери на првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје

0
440

Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА како дел од своите активности го организира првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје / Investigative Film Festival Skopje од 3 до 5 ноември во кино „Култура“ во Скопје.

Во насока на врвна организација и зајакнување на капацитетите отвораме можност за сите заинтересирани да се вклучат како волонтери во работата на фестивалот. Идните волонтери ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат организациски вештини и ќе ги надградат своите знаења преку присуство на работилници, дискусии и настани со врвни професионалци – истражувачки новинари и режисери.

Некои од основните обврски на секој волонтер ќе бидат:

• Логистика за настаните во времетраењето на фестивалот
• Контактирање и известување на соработници на организацијата
• Спроведување на гостите до местото на одржување на настаните и нивно асистирање
• Распределба и грижа за промотивни материјали (постери, флаери, програма, каталози)
• Можност за учество на работилниците во рамките на фестивалот

Други обврски кои може да ги извршува волонтерот во зависност од неговите квалификации се:
• Одржување профили на социјални медиуми
• Пишување кратки вести
• Снимање видеа

Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од текот на настаните. Заинтересираните кандидати треба да волонтираат 3 до 5 дена (од 2 до 6 ноември) со работно време од 5 часа во денот. Дел од волонтерите ќе бидат ангажирани и во периодот меѓу 30 октомври до 6 ноември. Во периодот на волонтирање, ПИНА во соработка со партнерската „Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје“ ќе ги покрива трошоците за превоз и храна на волонтерот.
Сите заинтересирани може да се пријават на info@pina.mk.