Неформалната женска група женски кружок во селото Табановце формирана по иницијатива на Хуманитарното Здружение „Мајка“ од Куманово успеа да се избори да добие урбано катче. Соња Радојковиќ од женскиот кружок во селото Табановце вели дека целта на ова катче е жителите на месното население да се социјализираат. Со ваквите иницијативи, тие покажале дека жените активно можат да придонесуваат кон заедницата, а Радојковиќ вели дека важно за нив е и да запре миграцијата село-град.
Автор: Кристијан Трајчов
- Текстот е изработен во рамки на соработката која ПИНА ја има со организацијата ,,Акција Здруженска“





