Почетна Вести Дури 15 лица починаа со ковид-19, нови 173 случаи во земјава

Дури 15 лица починаа со ковид-19, нови 173 случаи во земјава

0
80

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3208, активни 2010
• Куманово 769, активни 219
• Дебар 102, активни 50
• Штип 355, активни 161
• Прилеп 269, активни 43
• Тетово 723, активни 389
• Струга 242, активни 145
• Велес 189, активни 42
• Битола 54, активни 20
• Охрид 180, активни 151
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 129, активни 70
• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 16, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 73, активни 21
• Пробиштип 20, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 1
• Валандово 7, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 36, активни 32
• Кичево 38, активни 32
• Ресен 111, активни 97
• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 422
• Аеродром – 154
• Бутел – 162
• Гази Баба – 177
• Центар – 141
• Карпош – 160
• Сарај – 155
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 110
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 88
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 20
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.