Почетна Вести Повик за учесници во Програма за жени новинарки

Повик за учесници во Програма за жени новинарки

0
851

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за учесници во Програмата за жени новинарки која е дел од нашиот проект – „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“.

Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на жените новинарки во земјата преку обука и пракса во сферата на мобилното и мултимедијалното новинарство. Програмата за жени новинарки е поделена во два дела – обучувачки и практичен дел за мобилно новинарство, како и обучувачки и практичен дел за мултимедијално новинарство.

Обуката дава можности и за пракса и активна работа на теми кои се фокус на програмата според највисоки етички и професионални стандарди во новинарството.

За таа цел пожелно е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се студенти по новинарство, млади новинари или активни новинари.
  • Да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството.
  • Да имаат интерес за мобилно новинарство, мултимедијално новинарство и нови дигитални алатки.
  • Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.
  • Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.

Кандидатите освен што преку обука ќе имаат шанса да учат од странски експерт за мобилно новинарство, ќе бидат вклучени и во практична работа под менторство на домашни искусни новинари и експерти. Првата обука која е дел од програмата ќе се одржи во текот на септември. Од избраните кандидати се очекува да бидат посветени и вклучени во процесот на изработка на крајните видео и други медиумски продукти под водство на менторите и тимот на ПИНА.

Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 13 септември до 15:00 часот.

Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на info@pina.mk со назнака „За Програмата за жени новинарки“. Доколку заинтересираните апликанти имаат и дополнителни прашања за повикот, освен на мејлот на ПИНА може да ги испратат и на координаторката на проектот, Кристина Озимец, на ozimec3@gmail.com.

Во содржината на мејлот кандидатите треба да го нагласат нивниот интерес за програмата и дали се заинтересирани да учествуваат во:

  1. Делот за мобилно новинарство
  2. Делот за мултимедијално новинарство
  3. И за мобилно и за мултимедијално новинарство.

Проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ се стреми да ја подобри состојбата на жените новинарки во медиумите и ПИНА ги охрабрува сите новинарки кои имаат интерес за подобрување на своите вештини во работата во медиумите да се пријават на повикот. Добредојдени се сите новинари со интерес за мобилно и мултимедијално новинарство и нивните апликации исто така ќе бидат земени предвид во крајната селекција на кандидатите.

Проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.