Почетна Вести МВР трага по учесници во насилството во Собранието

МВР трага по учесници во насилството во Собранието

0
213

Министерството за внатрешни работи бара помош од граѓаните за идентификација на тројца насилници кои учествуваа во крвавото насилство кое се случи во Собранието, на 27 април. Од МВР ги објави и фотографиите на лицата кои ги бараат и се осомничени дека учествувале во насилството.

– Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје, а во врска со кривично правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието, по претходно одобрение од Јавниот обвинител се врши јавна објава на фотографии за три лица кои што се важни за постапката – се вели во соопштението на МВР.

Тие ги повикуваат сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата „Пријави сомнително лице“ на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во Јавно обвинителство.

Денеска основното Јавно обвинителство Скопје објави дека е проширена истрагата за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на нападот во Собранието на 27 април. По барање на надлежен јавен обвинител петмина осомничени се приведени откако е извршен претрес во нивните домови.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.