,,Опасна мрежа“ е краток документарец во продукција на ПИНА за онлајн вознемирувањето кое ги таргетира новинарките во земјата. Шест новинарки кои работат на нашата медиумска сцена говорат за различните видови на онлајн вознемирување со кое се соочиле поради нивната работа во документарецот кој за прв пат се прикажа неодамна на Медиумскиот фестивал Скопје.
Документарецот е реализиран со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамки на проектот „Промовирање на безбедноста на новинарките и професионалните стандарди во медиумите“ кој има за цел да придонесе кон зголемување на слободата и професионалноста на медиумите и заштитата на човековите права.