Според податоците на Институтот за јавно здравје обработени за периодот од 13 до 19 јули, регистрирани се нови 1.038 случаи на ковид-19 во земјава, а починати вкупно 44 лица.
Меѓу новите случаи застапени се сите возрасни групи, но најзастапена е возрасната група на лица од 40-49 години со 220 (21,1%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст над 60 (n=214; 20,6%), 30-39 (n=205; 20,4%) и од 50-59 години (n=204; 19,7%). Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=23; 2,2%) и 10-19 години (n=36; 3,5%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 583 (56,2%) лица од женски и 455 (43,8%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени околу 89,7%, регистрирани се 88 (9,5%) хоспитализирани, а кај 275 (29,5%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 360 (38,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 12 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на новиот коронавирус, како оздравени се водат 545 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 44 смртни случаи од 11 градови. Најголем дел од смртните случаи се на возраст над 60 години (81,8%). Од починатите, 41 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.