Проверка на информации и идентитети на интернет

0
105

Cre8ive8 во партнерство со ПИНА во рамки на проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” ви претставува десет интернет ресурси кои ви помагаат да верификувате информации и идентитети на интернет преку користење разни онлајн алатки.

Проверка на информации и идентитети на интернет     

Погледнете како да проверувате идентитети и информации на интернет преку користење алатки за реверзибилно пребарување на фотографии.

Пребарување на личности на интернет со Rocket Reach 

Доколку пребарувате некое лице на интернет Rocket Reach ви овозможува да пребарувате како низ било која база на контакти, преку различни полиња или клучен збор, но верификацијата може дополнително да ја направите преку овозможување на сервисот да ги прикаже контакт информациите за личноста или личностите што ги пребарувате.

Податоци за фотографии

Со овој сервис можете сами да правите основна форензика на фотографии и да детектирате измени на истите.