Почетна Вести ДСЗИ ги објави имињата на лицата кои одбиле да примат решенија за...

ДСЗИ ги објави имињата на лицата кои одбиле да примат решенија за самоизолација

0
462

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ги објави имињата на лицата кои по различни основи не ги примиле решенијата за самоизолација. Листата е објавена во денешниот број (26.06.2020) на дневниот весник Слободен печат.

Министерот за здравство, Венко Филипче, претходно најави дека објавувањето на имињата, на сите што одбивале да ги примат решенијата за самоизолација или давале погрешни адреси, ќе биде алтернативно решение, бидејќи ДСЗИ не може да постигне и не може да ги пронајде сите лица.

Тој рече дека на помош се викнати и вработени во Собранието во правната служба, за да помогнат во изготвувањето на решенијата и во нивно делење, бидејќи инспекторите од ДСЗИ не можат да постигнат да го направат тоа.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 84 од Законот за општа и управна постапка (Службен весник: РМ бр. 124/15,65/180) врши јавна објава на личните податоци на лицата за кои не може да се изврши уредна достава на издадените решенија со наложена мерка од страна на ДСЗИ“, стои во објавата на листата на имиња на која има вкупно 138 лица.

ПИНА пишуваше за правните предизвици со најавите за објавување на имињата на дел од лицата кои од различни причини не ги примиле решенијата за изолацијата.

Објавувањето на идентитетот на тие што одбиваат да примат решение за самоизолација – меч со две острици

 

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.