За Меѓународниот ден на жените разговаравме со дел од новинарките во медиумите на домашната сцена, кои велат дека се уште се соочуваат со отворен сексизам, разни видови на напади но и потценувања како жени и како новинарки. Патот до лидерските позиции во медиумите, до позициите каде се носат крајните одлуки и „се пресекува“, велат, се уште не е ист за жените и мажите. Погледнете го видеото кое го подготви нашата Програма за жени новинарки.