Премиера на драмата „Официјални тајни“ со Кира Најтли утре во МКЦ како дел од програмата на ИФФС

    0
    153

    Драмата „Официјални тајни“ (Оfficial Secrets), заснована на вистинската приказна за британската укажувачка Кетрин Ган утре во 21 часот премиерно ќе биде прикажана во „Кино Фросина“ во МКЦ како дел од дополнителната програма на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје.

    Годинава ИФФС за првпат ќе прикаже и игран филм. Холивудската актерка Кира Најтли ја игра Кетрин Ган која споделувајќи тајни документи се обидела да ја спречи американската инвазија врз Ирак. Ган во медиумите споделува документ што докажува дека американската разузнавачка агенција НСА нелегално прислушкува членови на Советот за безбедност на Обединетите Нации со цел да се изгласа нападот врз Ирак.

    Кога во 2003 година Велика Британија и САД се подготвуваат за војна во Ирак, преведувачката Ган објавува доверливи информации со кои се обидува да го спречи нападот. Обвинета за прекршување на т.н. Одредба за официјални тајни, ризикувајќи затворска казна и соочувајќи се со силен притисок, Ган е принудена да ја брани својата одлука.

    Повеќе за филмот тука: https://2019.iffs.mk/mk/event/ofitsijalni-tajni/

    Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организираше Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите.

    -Во трите фестивалски дена понудивме богата програма, многу дебати, дискусии, работилници и документарни филмови кои погледот го вперија „Кон дигиталното“ разгледувајќи го светот на иновативни можности и можни нарушувања на приватноста. Нашите гости од Македонија и странство дискутираа за виртуелната реалност во новинарството, користењето блокчејн технологијата во онлајн медиумите, за правото на приватност и заштита на податоци на Интернет, за иницијативите за неформално новинарско образование за млади новинари, како и за прекуграничните соработки на новинари од земјава и соседна Грција. Го анализиравме и предложениот акциски план на Владата за борба против дезинформации и лажни вести, а на затворањeто на фестивалската програма дебатиравме и до каде се дигиталните македонски редакции и со какви проблеми се соочуваат македонските новинари во дигиталната ера- велат од ИФФС.

    Фотографии: Different Photography

    Дел од дискусиите и дебатите имаа пренос во живо. Видеата, како и сите информации за настаните може да ги најдете на: Фејсбук:https://www.facebook.com/pina.mk/ https://www.facebook.com/iffs.mk/ 

    на веб-страниците: www.pina.mk, и www.iffs.mk, како иТвитер https://twitter.com/pinamkd и Инстаграм.