Посетителите на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ќе имаат можност од прва рака да дознаат како функцинира истражувачкиот тим на „Гугл њуз лаб“ (Google News Lab), чија главна мисија е соработка со новинари од целиот свет со цел внесување на иновации во новинарските истражувања.
Новинарот Даниел Жонса од „Гугл њуз лаб“ патува низ регионот и ги обучува новинарите како да го подобрат своето известување со онлајн-алатки, споделувајќи најдобри искуства и примери од целиот свет.
Даниел има магистрирано финансиско новинарство на Лондонскиот Универзитет и на Вишеградската школа за политички студии на Советот на Европа, интернационална програма осмислена да ги обучи идните лидери за Централна и Источна Европа.
На работилницата која ќе се одржи на 27 октомври во 18.30 ќе ќе научиме што значи напредно истражување, како се собираат вестите и други техники кои новинарите можат да ги користат додека работат на своите приказни.
Работилницата со Даниел Жонса ќе биде на англиски јазик.
Учеството е бесплатно, работилницата е отворена за сите кои се заинтересирани. Потребно е само да го најавите учество на следниот линк за пријавување.