Растечка нееднаквост и проблеми на работниците во пандемијата
Пандемијата дополнително го засили јазот помеѓу богатите и сиромашните и на површина извади уште повеќе проблеми. Илјадници луѓе ги изгубија своите работни места, многу хонорарци останаа без своите приходи, а кризата освен финансиски и здравствено повторно удира најмногу врз работниците. Најизложени се голем број работници во фабриките, продавниците, во болниците, жените врз кои често паѓа најголем товар, итн. За растечката нееднаквост и проблемите на работниците во пандемијата разговаравме со Соња Стојадиновиќ, политиколог и Ана Василева, активистка и фриленс работник.