Проверка на информации и идентитети на интернет – ресурси за пребарување

0
197

Cre8ive8 во партнерство со ПИНА во рамки на проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” ви претставува десет интернет ресурси кои ви помагаат да верификувате информации и идентитети на интернет преку користење разни онлајн алатки.

Пребарување на физички лица 

Доколку сакате да проверите одреден идентитет на физичко лице, на пример, доколку сметате дека е тоа извор на информација, или пак сакате да го идентификувате неговото присуство на интернет, преку Спокео може да пребарувате користејќи име и презиме, електронска адреса, телефонски број или пак адреса од личноста. Пребарувачот користи достапни регистри на САД и го истражува постоењето на внесените информации низ повеќе од 120 социјални мрежи.

Пребарување на лица на интернет 

Webmii е напреден пребарувач на физички лица на интернет. За разлика од другите пребарувачи, Webmii користи индекс на рангирање на поединците кои ги пребарувате.

Пребарување преку домеин

Преку пребарувањето на домеините може да утврдите дали некоја страна е веродостјона или не. Може да пребарувате и странски и домашни страни.