Почетна Вести Tрансродовите лица се соочуваат со насилство и не можат да извадат лични...

Tрансродовите лица се соочуваат со насилство и не можат да извадат лични документи

0
190
Фото: Коалиција „Маргини“

Трансродовите лица во земјава често се соочуваат со физичко или психолошко насилство, покажува најновото истражување на Коалицијата „Маргини“ насловено „Трансродовото искуство: идентитети, тела, насилство и социјализација“, чија промоција се одржа денеска во ГЕМ клубот.

Истражувањето во кое се вклучени и анкети со 23 интервјуирани трансродови лица покажува дека трансродовите лица многу често се чувствуваат загрозено од средината и во секојдневни ситуации.

Овие лица често имаат проблеми и со институциите или добивањето здравствена помош, поради несоодветната лична документација и погрешното препознавање поради неусогласеноста на податоците за нивниот пол, родов израз и прикажувањето во јавност.

Промотори на истражувањето беа главниот истражувач, Славчо Димитров, Лина Ќостарова Унковска – клинички психолог и Ирена Цветковиќ, рецензент.

„Ова истражување е прво од ваков тип кај нас и пошироко во регионот, на што сме посебно горди. Целта на ова истражување е да овозможи увид и знаење за искуството на трансродовите луѓе низ неколкукратна перспектива, како и да му даде глас на истото. Одовде, од една страна, предмет на нашето истражување се главните обележја, теми и пресвртни точки на трансродовото искуство на формирање на идентитетот, како родовиот, така и сексуалниот, земајќи ги притоа предвид комплексните социјални динамики и интерсубјективни релации во кои, преку кои и наспроти кои се формира трансродовиот идентитет. Од друга страна, истражувањето цели да им даде глас и да ги земе предвид наративите и приказните на трансродовите лица преку анализа и претставување на клучните проблеми и потреби што ги идентификуваат тие, а врз основа на специфичноста на нивното искуство“, велат од Коалицијата Маргини.

Тие информираат дека истражувањето се стреми да ги претстави и да ги препознае/признае трансродовите искуства на формирање релации на интимност, социјални светови и пријателства и мрежи на поддршка преку кои трансродовите лица преживуваат и ги потврдуваат своите идентитети во високотрансфобичната социополитичка и културна средина.

„Конечно, истражувањето имаше цел да ги стави во преден план погледите, чувствата и потребите за активистичка мобилизација на транслицата, како и влијанието на активистичкото дејствување врз трансродовата идентитетска формација.

Овој текст ни ја дава можноста заеднички да научиме, без предрасуди и готови претпоставки, нешто повеќе за искуствата на трансродовите луѓе, нивните идентитетски траектории, телесни проекти, социјализација, искуства на насилство и борба, како и нивните потреби и приоритети“, велат оттаму.

Целото истражување е достапно на следниот линк.

ПИНА
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.