Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за пријавување на млади новинар(к)и кои би сакале да станат дел од третата Програма за млади новинари во ПИНА со фокус на добро владеење.
Програмата има за цел да понуди неформална едукација, долгорочни менторства и пракса за млади новинари, со вклучена платена практична работа на новинарски продукти кои ќе ги изработуваат новинарите. Присуството на едукативните активности кои се дел од Програмата се задолжителни за избраните кандидати. Темите на кои ќе се посветат новинарите се поврзани со доброто владеење, транспарентноста и отчетноста на институциите, корупцијата итн.
За таа цел, пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
* Да се млади новинар(к)и, новинар(к)и на почетокот на кариерата и да имаат интерес за учење и напредок во сферата на медиумите и новинарството.
* Да се стремат да работат според највисоки етички и професионални новинарски стандарди.
* Да се креативни, самоиницијативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти.
Како да аплицирате?
На мејлот info@pina.mk со назнака: „Повик за млади новинар(к)и“, испратете:
*кратка биографија (CV)
* неколку реченици за тоа зошто сакате да учествувате и што би сакале да придонесете во програмата.
Доколку имате дополнителни прашања за повикот, може да ги пратите на мејлот на ПИНА наведен погоре.
Рокот за аплицирање е до 23-ти март 2026 година.
Програмата за млади новинари е дел од проектот на ПИНА насловен “Promoting Accountability through Independent Journalism”, поддржан од National Endowment for democracy.





