Дискусија: Жените новинарки во денешниот медиумски пејсаж – предизвици и движење напред

0
91
Петтото фестивалско издание на Медиумскиот фестивал Скопје започна со дискусија посветена на годинашната фестивалска тема „Жените во медиумите“.
Ана Василева разговаше со истражувачката новинарка Сане Терлинген од Холандија и Елиса Муњос, раководителката на Меѓународната медиумска фондација на жените (IWMF), а подолу може да ја погледнете снимката од дискусијата.
Во отворениот разговор Муњос и Терлинген ги споделија своите искуства и размислувања за позицијата на жената и како вработена во медиумите и како медиумска тема.