Импресум

Собрание на ПИНА:

Бјанка Станковиќ е претседателка на ПИНА со долгогодишно искуство во дневно, истражувачко и раскажувачко новинарство. Во фокусот на нејзината работа најчесто се теми поврзани со заштитата на животната средина, климатските промени, социјалната правда, дезинформациите, родово базираното насилство, корупцијата, отчетноста и транспарентноста.
За својата работа двапати ја има освоено наградата „Гласник на невидливите“, која ја доделува Македонската платформа против сиромаштија – во 2022 и 2024 година. Била дел од Програмата за млади новинари, а подоцна и дел од Програмата за жени новинарки во ПИНА. Таа станува проектен асистент во ПИНА, по што напредува во проектен координатор и уредник. Станковиќ има завршено студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје.

 

Кристина Озимец е член на Собранието на ПИНА и една од основачите на организацијата, како и ко-основач на Медиумски Фестивал Скопје, неколкудневен медиумски настан во организација на ПИНА. Таа има долгогодишно искуство во новинарството и медиумскиот сектор во различни области и има добиено неколку награди за нејзините истражувачки стории. Во последните неколку години нејзиниот фокус се развојот на медиумски програми, тренинзи, придонес во неформална едукација во медиумската сфера, како и менторска поддршка за разни фокус групи. Озимец има дипломирано новинарство на Правниот факултет во Скопје и завршено магистерски студии за менаџмент на стратешки комуникации на Институтот за комуникациски студии.

Марина Лазаревска е една од основачите на ПИНА и  координатор на филмската програма на Медиумски Фестивал Скопје кој го организира ПИНА. Таа е новинарка специјализирана за култура и филм и дипломира на студиите по новинарство. Сега работи за три различни компании, помагајќи во стратегиитe за односи со јавноста, креирање дневни содржини за фестивалски настани и организирање конференции. Дописник е на Filmneweurope.com за Македонија.

 

Златица Петковска од Скопје е една од основачите на ПИНА и асистент на Медиумски Фестивал Скопје. Таа е фриленсер со новинарско искуство во неколку македонски медиуми.

 

 

Ивана Митровска е дипломиран новинар со десетгодишно телевизиско искуство како репортер и презентер на вести. Има учествувано на бројни семинари од областа на новинарството. Била претставник од земјава на обука во школата за електронски медиуми во Потстдам и волонтер во македонската редакција на Дојче Веле во Бон. Митровска е дел од Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.

 

Васко Торков е софтверски инженер и еден од основачите на ПИНА. Тој е одговорен за функционирањето на целата IT инфраструктура на ПИНА, вклучувајќи ги и веб сајтовите на ПИНА и МФС.

 

 

Тим на pina.mk:

Уредничка: Бјанка Станковиќ

Кико Трајчов – новинар, учесник во Програма за млади новинари

Маја Терзиова – новинарка, учесничка во Програма за млади новинари

Даниел Василев – новинар, учесник во Програма за млади новинари

На pina.mk со медиумски содржини придонесуваат и учесниците во Програмата за менторска поддршка на млади новинари и Програмата за жени новинарки.

ПИНА е отворена за соработка со сите заинтересирани новинари на домашната медиумска сцена.